Термостат со LCD дисплеј и актуатор (кит)

SEC_SRT322
Secure
7.593мкд
Без ДДВ: 1.367мкд (Данок на додадена вредност)
Статус: По нарачка
Овој сет служи за контрола на греење кај корисници со домашно парно. Се состои од термостат на батерии кој се поставува во просторијата кадешто се контролира температурата и актуатор кој го контролира уред за парно греење (котелот, греачите...). Уредот може да се управува преку вградените копчиња или преку системот.

Термостат

Термостатот се напојува преку батерија што овозможува бежична инсталација билокаде во домот. Локалната контрола се врши преку голем кружен потенциометар со кој се поставува саканата температура. Преку верификација на наместената и моменталната температура уредот комуницира со актуаторот кој е поврзан со котелот и го регулира греењето. Преку системот и контролерот може да се поставуваат најразлични сценарија за греење, и воедно да се стопира греењето во специјални случаево (отворен прозорец, детектиран чад и сл.)

Актуатор

Актуаторот се поставува во непосредна близина на котелот (централната единица) и служи за контрола на истиот. Овој уред претставува реле со моќност до 3А / 230V. Уредот се контролира локално преку две копчиња и сијалица за статус. Убавиот дизајн ви овозможува поставување на овој уред на видно место.

Веб страната користи cookies.