Автоматизација во домот
Паметен дом кој обезбедува квалитет, удобност и сигурност во домувањето.
...
... ...
...
...
...
Откријте ги мистериите на домашната автоматизација
Идеата зад домашна автоматизација отсекогаш се чинела како далечен сон. Идеата да сите ваши домашни апарати, светла, греење и безбедносни уреди да функционираат самостојно според вашите потреби е фантастична но недостапна за обичните граѓани во рамките на нивниот буџет.
Со напредокот во технологијата, сето тоа што пред неколку години се чинеше невозможно веќе е општа практика, истото важи и за домашната автоматизација. Илјадници луѓе веќе инсталираа автоматизација и уживаат во бенифициите на помали сметки, додатна безбедност и комоција знаејќи дека нивниот дом се грижи самиот за себеси.
Домашната автоматизација е достапна за секого!
Што е домашната автоматизација?
Наједноставниот одговор би бил - се она што вие сакате да биде!
Домашната автоматизација претставува секоја модификација што ќе ви овозможи уредите да ги контролирате поефикасно и полесно.
Може да биде едноставна како далечинска контрола на светло, или комплетна интеграција на сите уреди во вашиот дом, персонализирани подесувања и сценарија кои се вклучуваат според вашите потреби. Домашната автоматизација е се што ви дава автоматска контрола на уредите низ домот.
Што можам јас да правам со неа?
Домашната автоматизација ви дава комплетна контрола. Може да почнете со малку и да го градите системот со тек на време.
Ви дава едноставен и лесен начин за контрола на уредите, ја подобрува безбедноста и ги намалува сметките за струја. Сето тоа и многу повеќе од било која локација и во било кое време.
Осветлување
Целосна контрола на освтлувањето:
Направете да се вклучува/исклучува осветлувањето како што ќе влезете во собата. Нема потреба да го барате прекинувачот. Контролирајте ја јачината па дури и бојата на светилките со само еден допир. Временски контролираните светла заштедуваат пари и имитираат присуство во празен дом. |
|
Заштедете енергија |
|
|
Домашната автоматизација може даја мери потрошената енергија и воедно да помогне за нејзино намалување Еден од најголемите трошоци за домаќинството е сметката за струја која со растечкиот тренд на цените нема сама по себе да се намали освен ако Вие не дејтвувате Домашната автоматизација ви дава увид кој уреди ви се вклучени во кој период од денот и колку енергија трошат истите. Оптимиирајте ја нивната потрошувачка и намалете ја вкупната потрошувачка на енергија. Автоматизацијата ви дава дневни, месечни и годишни прикази за потрошената енергија на секој уред засебно со што лесно може да идентификувате каде се троши премногу а акаде беспотребно електрична енергија. |
Обезбедете го вашиот дом
Неможете да се сетите дали ја заклучивте влезната врата? Со автоматизацијата лесно може да се поврзете со системот и да го проверите статусот на вашите уреди. Со само едно копче може да ги обезбедите сите врати и прозорци и да ги исклучите сите заборавени уреди. Додека сте надвор од домот можете да се вклучите, да ги погледнете камерите, да вклучите уред, да бидете известени доколку има провала, поплава или пожар. |
|
Бежична домашна автоматизација
Традиционално автоматизацијата бара претходна подготовка од поставување стотици метри кабли во домот. Секако ова решение не е ни малку пријатно за веќе постоечки станови и куќи.
Нашиот систем за автоматизација ја имплементира бежичната технологија за негово функционирање. Инсталацијата не бара дополнително поставување на кабли со што целата работа се врши за многу кратко време и без никакво копање. Системот се состои од главен контролер кој ја има улогата на мозот при автоматизација. Контролерот се поврува со рутер со што се овоможува пристап на целиот систем од далечина. Покрај контролерот за контрола на уредите се додаваат модули кои се во зависност од уредот кој сакате да го контролирате. За секој уред постои специфичен модул кој се инсталира и додава на главниот контролер. Што значи дека проширувањето на автоматизацијата со додавање нови модули/уреди може да се врши постепено во фази без никаков проблем.
Дел од уредите кои може да се контролираат се: светилки, бојлер, клима уред, домашно парно, ел.панели, било кој ел. апарат, сирена, сензор за пожар, сензор за поплава, сензор за врата/прозорец, камери итн.